МАТРИЦА ЗА ГРЕЕЊЕ

Систем за греење

Вид на индивидуална станбена зграда / енергетска класа на зградата

Препорака за домашен систем за подготовка на топла вода

Сончева/Ветерна енергија

Најниско енергетска куќа
≤ 15 kWh/m2a (A+)

Најниско енергетска куќа
≤ 25 kWh/m2a (A)

Нискоенергетска куќа
≤ 50 kWh/m2a (B)

Стара зграда
≤ 100 kWh/m2a (C)<20J или реновирана
Стара зграда
> 100 kWh/m2a (D) >20J не/делумно реновирана (најголем дел од нови објекти)
Сончеви колектори

Топлинска пумпа + фотоволтаици

Можна флексибилна употреба Подготвена паметна мрежа

Комбиниран уред
за добра вентилација + греење со топлинска пумпа; дистрибуција на топлина со ниска температура до 40°C
i
Комбинација на топлинска пумпа во координиран систем ги комбинира функциите на вентилација со рекуперација, греење (ладење) и подготовка на топла вода во еден уред. Како извор на топлина може да се користи издувна вентилација, амбиенталнен воздух или геотермална енергија. Преносот на топлината во објектот е преку систем за дистрибуција на топлина со вода или воздух (за догревање на просториите по потреба).
Дополнителни информации се достапни на:
www.komfortlüftung.at
i
Во комбинирана единица, вентилацијата, греењето и подготовката на топла вода се еден ефикасен уред со што се заштедува на простор. Комбинација со ниско температурен систем за диструбуција на топлина се препорачува за објект од А+ енергетска класа.

Во комбинирана единица, вентилацијата, греењето и подготовката на топла вода се еден ефикасен уред со што се заштедува на простор. Комбинација со ниско температурен систем за диструбуција на топлина може да се препорача за објект од B енергетска класа. . Комбинираната единица треба да го обезбеди потребниот излез.
i
Комбинирани единици не се препорачуваат за енергетска класа C (дури и за реновирани стари објекти).
i
Комбинирани единици не се препорачуваат во стари згради или згради со енергетска класа D каде што спаѓаат голем дел од старите реновирани објекти.
+ + + + +
Топлинска пумпа за искористување на топлина од подземни води
температура на вода за дистрибуција на топлина до 40°C
i
Топлината може да се извлече хоризонтално преку површински колектори, на длабочина од околу 1,2 до 1,4 m, или вертикално преку геотермални сонди, до длабочина од 200 m. Температурата на земјата е релативно константна во текот на годината на околу 7-12°C и затоа е значително повисока од температурата на надворешниот воздух за време на грејната сезона. Поради ефикасност, топлинските пумпи се препорачуваат само во комбинација со температури на проток под 40°C (подно или ѕидно греење).
Дополнителни информации може да се најдат на:
www.klimaaktiv.at
i
Топлинските пумпи работат поефикасно со пониска температурата на проток во системот за дисипација на топлина. Тие се идеални за добро изолирани објекти. Топлинските пумпи најмногу одговараат за објекти со енергетска класа А+. Тие работат оптимално и енергетски ефикасно во комбинација со подно или ѕидно греење.
i
Топлинските пумпи работат поефикасно со пониска температурата на проток во системот за дисипација на топлина. Тие се идеални за добро изолирани објекти. Топлинските пумпи одговараат за објекти со енергетска класа А. Тие работат оптимално и енергетски ефикасно во комбинација со подно или ѕидно греење.
i
Топлинските пумпи работат поефикасно со пониска температурата на проток во системот за дисипација на топлина. Тие се идеални за добро изолирани објекти. Топлинските пумпи одговараат за објекти со енергетска класа B. Тие работат оптимално и енергетски ефикасно во комбинација со подно или ѕидно греење.
i
Топлинските пумпи работат поефикасно со пониска температурата на проток во системот за дисипација на топлина. Тие се идеални за добро изолирани објекти. Топлински пумпи се само делумно погодни за објекти со зголемени енергетски потреби (температури на проток од повеќе од 35°C). Во тој случај, топлинските пумпи повеќе не работат толку ефикасно, што се рефлектира во високи трошоци за електрична енергија на крајот на годината.

Мулти-инвертер клима уреди
i
Топлинска пумпа со една надворешна единица која ja искористува топлината од надворешниот воздух и повеќе (2 до 4) внатрешни единици (клима уреди) кои можат да се постават во различни простории. Можат да работат во широк опсег на надворешни температури, а се користат за греење или ладење.
i
Мулти-инвертер клима уредите се соодветни за добро изолирани станбени згради кои имаат мал топлински конзум. Со еден систем може да се контролира греењето и ладењето во цел објект. Тие имаат една надворешна единица и повеќе внатрешни единици што овозможува поединечно и до различна мера да се загреваат собите во објектот. Имаат висока класа на енергетска ефикасност (А+ или А++) и ниско ниво на бучава. Овозможуваат економично греење и ладење со минимални еколошки последици. 

Мулти-инвертер клима уредите може да бидат соодветни за постари згради. Треба да се има предвид дека постарите објекти често имаат поголеми топлински загуби поради лоша термичка изолација, а со тоа се зголемува и нивниот топлински конзум. Со еден систем може да се контролира греењето и ладењето во цел објект. Тие имаат една надворешна единица и повеќе внатрешни единици што овозможува поединечно и до различна мера да се загреваат собите во објектот. Имаат висока класа на енергетска ефикасност (А+ или А++), ниско ниво на бучава. Овозможуваат економично греење и ладење со минимални еколошки последици.

+ + + + + +
Топлинска пумпа за искористување топлината од надворешниот воздух
Дистрибуција на топлина на вода на ниска температура до 40°C
i
Топлинската пумпа ја одзема топлината од амбиенталниот воздух. Овие системи може да се инсталираат многу лесно. Eмисиите на бучава кај соседите мора да бидат замени предвид. Ефикасност на топлинската пумпа на амбиенталниот воздух опаѓа како што опаѓа и надворешната температура. Затоа овие системи често бараат дополнително греење за ладните денови. Техничкиот термин за ова е „бивалентен систем за греење“. Заради ефикасноста и трошоци (со електрична енергија), се препорачува надворешните топлински пумпи, да се користат само во комбинација со внатрешни единици коишто работат со ниска температура, како подно, ѕидно или таванско греење или нискотемпературни радијатори.
Дополнителни информации се достапни на:
www.klimaaktiv.at
i
Топлинските пумпи се релативно евтини. Колку е пониска температурата на протокот во системот за дистрибуција на топлина, толку топлинските пумпи работат поефикасно. Затоа тие се идеални за добро изолирани згради. Топлинските пумпи воздух/вода се добри за објекти со класа на енергетска ефикасност „А+“. Тие работат оптимално и енергетски ефикасно во комбинација со подни или ѕидни системи за греење. Со добро планирање може да се избегне бучавата во текот на работењето, а со тоа и недоразбирање со соседите.
i
Топлинските пумпи се релативно евтини. Колку е пониска температурата на протокот во системот за дистрибуција на топлина, толку топлинските пумпи работат поефикасно. Затоа тие се идеални за добро изолирани згради. Топлинските пумпи воздух/вода се добри за објекти со класа на енергетска ефикасност „А“. Тие работат оптимално и енергетски ефикасно во комбинација со подни или ѕидни системи за греење. Со добро планирање може да се избегне бучавата во текот на работењето, а со тоа и недоразбирање со соседите.
i
Топлинските пумпи се релативно евтини. Колку е пониска температурата на протокот во системот за дистрибуција на топлина, толку топлинските пумпи работат поефикасно.Тие може да бидат погодни за објекти со енергетска ефикасност од класа „B“ .Тие се само енергетски и поисплатливи во комбинација со системи за подно или ѕидно греење. Меѓутоа, доколку системот за снабдување на топлина бара температура на проток повеќе од 35 °C за греење на просториите до саканата температура, надворешните топлински пумпи на воздух повеќе не работат толку ефикасно, што се одразува во поголеми  трошоци за електрична енергија на крајот на годината. Колку што е поголема моќноста на системите, толку е поголема бучавата за време на работа. Ова може да биде непријатно за соседите.
i
Топлинските пумпи се релативно евтини. Колку е пониска температурата на протокот во системот за дистрибуција на топлина, толку топлинските пумпи работат поефикасно.Тие се само условно погодни за објекти со енергетска ефикасност од класа „C“ .Тие се само енергетски и поисплатливи во комбинација со системи за подно или ѕидно греење. Меѓутоа, доколку системот за снабдување на топлина бара температура на проток повеќе од 35 °C за греење на просториите до саканата температура, надворешните топлински пумпи на воздух повеќе не работат толку ефикасно, што се одразува во поголеми  трошоци за електрична енергија на крајот на годината. Колку што е поголема моќноста на системите, толку е поголема бучавата за време на работа. Ова може да биде непријатно за соседите.
i
Топлинските пумпи се релативно евтини. Колку е пониска температурата на протокот во системот за дистрибуција на топлина, толку топлинските пумпи работат поефикасно. За оваа класа на објекти не се препорачува топлинска пумпа затоа што системот за снабдување на топлина бара температура на проток повеќе од 35 °C за греење на просториите до саканата температура (што обично се случува со стари згради). Овие системи повеќе не работат ефикасно, што се одразува во високите трошоци за електрична енергија на крајот на годината. Колку системите стануваат посилни, толку е поголема бучавата за време на работа, што го зголемува недоразбирањето со соседите.
+ + + + +
Систем за централно греење на пелети
i
Системите на пелети овозможуваат удобно и автоматско греење. Само садот за пепел треба да се празни неколку пати годишно. Пелетите се стандардизирано гориво. Тие се чуваат во непосредна близина до системот за греење и се внесуваат во котелот преку полжавести транспортери или „вшмукнувачки транспортен систем“ (до 15 m). Во објектите со мала побарувачка на топлина потребно е да се инсталира резервоар за да се минимизираат циклусите на вклучување и исклучување во многу низок степен на излез, со што се обезбедува ефикасно и економично согорување.
Допoлнителни информации се достапни на:
www.klimaaktiv.at
i
Системите за греење на пелети работат автоматски и генерално се препорачуваат поради ниска емисија на CO2. Греењето може да го прилагодат кон побарувачката. Тие се препорачани од klimaaktiv, но само во ограничена мерка за објекти со енергетска класа „А+“. Котлите што се достапни на пазарот обично се премногу големи и предизвикуваат големи трошоци во инвестирањето.
i
Системите за греење на пелети работат автоматски и генерално се препорачуваат поради ниска емисија на CO2. За објектите од класата „А“ за енергетската ефикасност и нагоре, се алтернативи кои се разумни и препорачливи не само од еколошка туку и од економска гледна точка. Системот за греење на пелети, исто така може да обезбеди проток на високи температури без загуба на ефикасност, поради што не е врзан за посебен систем за испорака на топлина.
i
Системите за греење на пелети работат автоматски и генерално се препорачуваат поради ниска емисија на CO2. За објектите со мала побарувачка на топлина тие се разумна и препорачлива алтернатива гледано од еколошки и економски аспект. Системот за греење на пелети може да обезбеди високи температури на проток без да се губи ефикасноста, заради тоа не е поврзан со посебен систем за довод на топлина. Доколку излезот на котелот е мал, резервоарот за складирање може да се исклучи, бидејќи котлите значително го намалуваат нивното производство со висока ефикасност и на тој начин може да бидат енергетски и економични.

+ + + +  
Централно топлинско греење
i
Приклучувањето на систем за централно греење нуди низа предности бидејќи нуди висока доверливост, нема потреба од дополнителни трошоци за нови котли, нема оперативни трошоци за одржување, зголемен комфор итн. 
i
Поврзувањето со локална/централната мрежа за греење обезбедува многу висок комфор, бара многу малку простор во објектот и практично е без одржување. Ако топлината доминантно се генерира од обновливи извори (на пр. биомаса), емисиите на CO2 се занемарливи. Во случај на објект со мала потрошувачка на енергија - енергетска класа (A+) , потребната топлина за загревање е толку ниска што најчесто не е економски исплатливо да се приклучи на централното греење, нити за сопственикот на објектот нити за операторот на централното греење. Поисплатливо би било да се инвестира во систем за вентилација и загревање на воздухот.
i
Поврзувањето со локална/централната мрежа за греење обезбедува многу висок комфор, бара многу малку простор во објектот и практично е без одржување. Ако топлината доминантно се генерира од обновливи извори (на пр. биомаса), емисиите на CO2 се занемарливи. Објектите со поголем  топлински конзум се многу соодветни за приклучување на централното греење. Бидејќи топлината се пренесува при високи температури на довод, практично секој систем за испорака на топлина може да се работи на соодветна температура. Колку повеќе објекти се поврзани со локалниот/централниот систем за греење, толку е поголема ефикасноста на целокупниот систем. Со зголемување на ефикасноста на системот се намалува и цената на енергијата.

+ + +  
Систем за централно греење на биомаса (огревно дрво/пелети)
i
Печка на дрва која се користи за загревање на топловодна инсталацијата во еден објект со радијаторско или подно греење. Дел од енергијата директно се користи за загревање на просторот, а дел се складира во топлинскиот бафер. Може да се користи огревно дрво или пелети. Со цел да се избегне прегревање, печката треба правилно да се позиционира и димензионира. Неопходен е оџак за да се обезбедат добри услови за согорување и испуштање на отпадните гасови.
Дополнителни информации се достапни на:
www.klimaaktiv.at
i
Печките на огревно дрво се релативно евтини и обично се препорачуваат поради нивната ниска емисија на СО2. За објекти со многу мал топлински конзум, котлите достапни на пазарот се прилично преголеми и затоа се препорачуваат само во ограничена мера. Топлинскиот бафер секогаш е дел од системот за централно греење. На овој начин, топлината може привремено да се складира и да се искористи во објектот кога е потребно. Ова ја зголемува удобноста, бидејќи во случај на објекти со енергетска класа „А +“, дури и во најстудената зима, треба да се загреваат на секои два до три дена.
i
Печките на огревно дрво се релативно евтини и обично се препорачуваат поради нивната ниска емисија на СО2. За објекти со мал топлински конзум, котлите достапни на пазарот се прилично преголеми и затоа се препорачуваат само во ограничена мера. Топлинскиот бафер секогаш е дел од системот за централно греење. На овој начин, топлината може привремено да се складира и да се искористи во објектот кога е потребно. Ова ја зголемува удобноста, бидејќи во случај на објекти со енергетска класа „А“, дури и во најстудената зима, треба да се загреваат на секои два до три дена.
i
Печките на огревно дрво се релативно евтини и обично се препорачуваат поради нивната ниска емисија на СО2. Може да се обезбедат високи температури на проток без намалување на ефикасноста, поради што не се врзани за посебен систем за дисипација на топлина и затоа само удобноста ја ограничува областа на примена. Топлинскиот бафер секогаш е дел од системот за централно греење. Генерираната топлина може привремено да се складира и да се искористи во објектот кога е потребно. Ова ја зголемува удобноста, бидејќи котелот исто така може да биде преголем и не мора да се загрева секој ден, дури и во најстудената зима.
i
Печките на огревно дрво се релативно евтини и обично се препорачуваат поради нивната ниска емисија на СО2. Може да се обезбедат високи температури на проток без намалување на ефикасноста, поради што не се врзани за посебен систем за дисипација на топлина и затоа само удобноста ја ограничува областа на примена. Топлинскиот бафер секогаш е дел од системот за централно греење. Генерираната топлина може привремено да се складира и да се искористи во објектот кога е потребно. Ова ја зголемува удобноста, бидејќи идеално е само да се загрева еднаш дневно. Меѓутоа, колку е поголемот топлинскиот конзум на објектот, толку почесто треба да се загрева, што ја ограничува удобноста и областа на примена на овој систем за греење.
i
Печка која што работи како систем за централно греење има ограничен топлински капацитет. Ваков систем за греење не може соодветно да снабдува згради со голем топлински конзум. Печката треба да има големо ложиште, затоа што големиот конзум ќе бара често надополнување со гориво, а тоа го намалува комфорот на корисникот.
+ + +  
Котел на биомаса (без централен систем)
i
Класичен камин или котел на биомаса кој директно го загрева околниот простор. Целиот објект се загрева од една локација, т.е. топлината не се пренесува низ објектот преку топловодна инсталација. Системот може да биде базиран на огревно дрво или пелети. Со цел да се избегне прегревање, печката треба правилно да се позиционира и димензионира. Неопходен е оџак за да се обезбедат добри услови за согорување и испуштање на отпадните гасови.
Дополнителни информации се достапни на:
www.klimaaktiv.at
i
Во објектите од енергетска класа "A+", особено кога тие имаат отворени простори, камините и котлите на биомаса може да се користат за загревање на целиот простор без топловодна инсталација. Успешноста на системот во голема мера зависи од правилното проектирање и планирање на системот. Најголем предизвик е да се обезбеди рамномерна распределба на топлината низ објектот. Добро решение во таа насока е комбинирање на вентилациски и рекуперациски систем со котелот (каминот). Потребен е оџак.
i
Во објектите од енергетска класа "A", особено кога тие имаат отворени простори, камините и котлите на биомаса може да се користат за загревање на целиот простор без топловодна инсталација. Меѓутоа, како што се зголемува топлинскиот конзум, се потешко се обезбедува рамномерна распределба на топлината низ објектот од едно место. Успешноста на системот во голема мера зависи од правилното проектирање и планирање на системот. Препорачливо е комбинирање на вентилациски и рекуперациски систем со котелот (каминот).  Потребен е оџак.
i
Во објектите од енергетска класа "B", особено кога тие имаат отворени простори, камините и котлите на биомаса може да се користат за загревање на целиот простор без топловодна инсталација. Меѓутоа, како што се зголемува топлинскиот конзум, се потешко се обезбедува рамномерна распределба на топлината низ објектот од едно место. Успешноста на системот во голема мера зависи од правилното проектирање и планирање на системот. Препорачливо е комбинирање на вентилациски и рекуперациски систем со котелот (каминот). Потребен е оџак.
i
Кај згради од енергетска класа „C“ не се препорачува користење на котел/камин без топловодна инсталација во објектот. Со ваков систем не може да се гарантира рамномерна распределба на топлината.
i
Кај згради од енергетска класа „D“ не се препорачува користење на котел/камин без топловодна инсталација во објектот. Со ваков систем не може да се гарантира рамномерна распределба на топлината.
+ + +  
Електрично греење
i
Системите за директно електрично загревање користат електрична енергија за генерирање на топлина. Најчести уреди за директно електрично загревање се термоакумулационите печки, електричните панели и електричните конвектори. Голем недостаток им е тоа што тие значително го оптоваруваат електроенергетскиот систем во зимскиот период. Производството од обновливи извори во зимскиот период може да биде мал. Според тоа, еквивалентните емисии од директното електрично греење достигаат вредности кои се споредливи со емисиите од фосилни горива како природен гас и нафта. За да се намалат емисиите, уредите за директно електрично загревање може да се комбинираат со фотоволтаици. Сепак, овој пристап не нуди голем бенефит. Големиот конзум ќе резултира во високи трошоци за електрична енергија кои на долг рок го поништуваат привидниот бенефит од ниските инвестициски трошоци за ваквите системи.
i
Колку што е поголем топлинскиот конзум, толку повеќе електрична енергија ќе биде потребна за да се загрее просторот. Тоа ќе резултира во уште повисоки CO2 емисии. Кај нови објекти, во зависност од правилниците за градба, може да биде тешко да се исполнат критериумите за енергетски карактеристики на објектот. Во зимскиот период директното електрично загревање значително го оптоварува електроенергетскиот систем и тоа резултира во високи CO2 емисии. Од економски аспект, високиот конзум ќе резултира во високи трошоци за електрична енергија кои на долг рок го поништуваат привидниот бенефит од ниските инвестициски трошоци за ваквите системи.
i
Колку што е поголем топлинскиот конзум, толку повеќе електрична енергија ќе биде потребна за да се загрее просторот. Тоа ќе резултира во уште повисоки CO2 емисии. Кај нови објекти, во зависност од правилниците за градба, може да биде тешко да се исполнат критериумите за енергетски карактеристики на објектот. Во зимскиот период директното електрично загревање значително го оптоварува електроенергетскиот систем и тоа резултира во високи CO2 емисии. Од економски аспект, високиот конзум ќе резултира во високи трошоци за електрична енергија кои на долг рок го поништуваат привидниот бенефит од ниските инвестициски трошоци за ваквите системи. Директното електрично загревање не се препорачува за овој вид на објекти.

Колку што е поголем топлинскиот конзум, толку повеќе електрична енергија ќе биде потребна за да се загрее просторот. Тоа ќе резултира во уште повисоки CO2 емисии. Кај нови згради, во зависност од правилниците за градба, може да биде тешко да се исполнат критериумите за енергетски карактеристики на објектот. Во зимскиот период директното електрично загревање значително го оптоварува електроенергетскиот систем и тоа резултира во високи CO2 емисии. Од економски аспект, високиот конзум ќе резултира во високи трошоци за електрична енергија кои на долг го поништуваат привидниот бенефит од ниските инвестициски трошоци за ваквите системи. Директното електрично загревање не се препорачува за овој вид на објекти.